Скопјанка останала без накитот вреден над 13.000 евра, кукраден од нејзиниот стан. Според полицијата, кражбата се случила вчера во домот на Л.Ј.(62), која не била во станот во периодот од 08.10 до 13.35 часот. Додека таа не била дома крадецот провалил во станот така што со подесен алат ја отворил влезната врата. Потоа ги пребарал собите каде нашол поголема количина златен накит, два рачни женски часовници „касио“ и неколку комплети женски накит „сваровски“ по што избегал. Сопственичката на станот пријавила дека материјалната штета изнесува околу 950.000 денари.