
Од стан во Центар биле украдени три пиштоли, информираше МВР.
Според полицијата, кражбата се случила вчера во периодот од 10 до 15.45 часот во стан на улицата Златко Шнајдер.
Во тоа време домаќинот не бил дома, па провалникот на сила ја отворил влезната врата и влегол внатре.
Крадецот пронашол пиштол „ХС“ калибар 9мм со две рамки со по 15 куршуми, револвер „ЦЗ М 83“ калибар 38 мм со едно пакување со 25 куршуми и околу 450.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.