„Од Струга до Тирана за неполн час“ – Рустеми го објасни планот за изградба на автопатот

„Од Струга до Тирана со автопат долг 82 километри“, вака во „10 минути“ на ТВ21 истакна директорот на ЈП „Државни патишта“, Ејуп Рустеми.
Тој го откри и планот на Албанија кој предвидува изградба на пат од Тирана до границата со Северна Македонија.
„Денеска имав можност да се сретнам со директорот на Патишта на Албанија бидејќи потпишавме меморандум. Според информациите што ми беа дадени, со оваа можност, патот од Тирана до границата ќе биде околу 73 километри, а потоа од новата точка, која може да биде заедничка гранична точка меѓу Албанија и Северна Македонија, до Струга може да биде 12 километри.Тоа значи дека од Струга до Тирана ќе имаме автопатска врска од 82 километри… Бидејќи брзината на движење ќе биде од 100 до 130 км/ч, можете да пресметате дека од Тирана до Струга ќе стигнеме за помалку од еден час“, рече Рустеми.
Тој дода де дека на 4 април во Тетово ќе биде поставен камен-темелникот за изградба на Коридорот 8. „Коридорот 8 и 10Д ќе опфатат 4 делници, кои се очекува да бидат завршени на 31 декември 2027 година. Првата делница го опфаќа патот Тетово – Гостивар, за кој, како што рече, прво ќе се изгради нов пат по кој ќе се премести сообраќајот, потоа сегашниот пат ќе се прошири во автопат.
„Оската Тетово – Гостивар е во должина од 17,5 километри, во која ќе ја прошириме досегашната траса. Сакам да ја известам јавноста дека прво ќе имаме изградба на помошен, паралелен пат по кој ќе се префрли сообраќајот и потоа ќе започне проширување и изградба на автопатот со европски параметри“, рече Рустеми.