Од „Тесла банка“, која беше основана за да им помогне на Србите кои се враќаат во Хрватска, исчезнале шест милиони евра, објави денеска српскиот весник Курир.
Средствата во банката беа од фондовите за развој на Србија и Војводина. Банката беше основана во 2011 година по иницијатива на лидерот на хрватските Срби, Милорад Пуповац. Во тоа време, претседател на Србија беше Борис Тадиќ, а на чело на Војводина беше Бојан Пајтиќ, и двајцата од Демократската партија.
Предвидено беше финансиска институција да им пружа помош на Србите повратници, да кредитира мали претпријатија, но ниту еден од проектите не бил реализиран. Пуповац со години беше на чело на Надзорниот одбор на Банката, пишува Курир.
На почетокот на годината банката прогласи банкрот, а еден од акционерите од Хрватска, Маринко Задро, праша дали парите од „Тесла банка“ отишле во Демократската партија.
Загубите на „Тесла банката“ за шест години достигнале шест милиони евра, информира весникот.