Од „Tesla“ испорачале рекорден број автомобили во вториот квартал

Производителот на електрични возила „Tesla“ во неделата објави дека испорачале рекордни 466.000 возила во вториот квартал од оваа година, додека произведе речиси 480.000, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Повеќето од седанот „Model 3“ и кросоверот „Model Y“ беа произведени и испорачани, со 460.211 произведени и 446.915 испорачани. Покрај тоа, „Tesla“ произведе 19.489 од поскапите „Model X“ и „Model S“, а испорача 19.225 од нив.

Аналитичарот на Wedbush Securities, Ден Ајвс, го нарече „трофеен квартал“ за компанијата. Постигната е рекордна испорака на возила, но тоа беше очекувано, додаде тој, наведувајќи дека на Волстрит прогнозирале испорака на околу 447.000 возила.

Во април оваа година, „Tesla“ ги намали цените на своите возила по петти пат од јануари, намалувајќи ги трошоците меѓу 2 и речиси 6 отсто.

„Намалувањата на цените од почетокот на 2023 година беа голема исплата за Илон Маск и компанијата, бидејќи се чини дека побарувачката останува многу силна и ефикасноста на производството овозможи масивни испораки“, рече Ајвс.

Овие бројки се значително повисоки во однос на истиот период минатата година. Во вториот квартал од 2022 година, имено, „Tesla“ пријави 254.695 испорачани и 258.580 произведени возила. Меѓутоа, во првиот квартал од 2023 година, „Tesla“ произведе околу 441.000 возила и испорача околу 423.000.

Оваа година „Tesla“ има за цел да испорача вкупно 1,8 милиони возила.