Од три земји на ЕУ депортирани 104 албански државјани

Попладнево во Тирана од Франција, Луксембург и од Германија се вратени 104 албански државјани, поради прекршување на правилата за престој во Шенген зоната или одбиено барање за азил.

Со чартер лет од Франција вратени се 48 албански државјани, од нив 43 од Франција и петмина од Белгија, додека со чартер лет од Германија уште 56.

„Албанските граѓани се вратени во рамки на заедничките операции на албанската гранична полиција, во соработка со Фронтекс и земјите од ЕУ, за репатријација на сите оние граѓани кои не ги испочитувале правилата за престој во шенген зоната, а на дел од нив одбиено им е барање за азил, соопшти полицијата.

Освен стандардната процедура што ја спроведуваат припадници на граничната полиција, извршена е и соодветна контрола што е во рамки на мерките за спречување на шрењето на коронавирусот.

Согласно наредбата бр. 641 на министерот за внатрешни работи, издадена во декември минатата година, ним не им е дозволено да патуваат во земјите на ЕУ во период од три години од денот на депортацијата.

Полицијата го повторува апелот до сите оние граѓани кои имаат намера да патуваат во Шенген зоната за да бараат азил да не прават залудни напори, бидејќи немаат никакви шанси за тоа бидејќи Албанија се смета за безбедна земја.