Од утре бензините поевтини за денар, а дизелот за половина денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од полноќ се намалуваат за еден денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76,00, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 75,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,431 денари и килограм ќе чини 42,086 денари.