Од утре невреме со обилен дожд, силен ветер и град

Метеоролозите за наредните денови најавуваат голема промена на времето.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град.

Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.