Од утре пониска утринска температура

УХМР соопшти дека од утре следува период на претежно сончево време со умерена облачност и со пониски утрински температури. Само локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд.

Минималната температура утре ќе биде девет, а максималната 33 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе биде значително облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе изнесува 11, а максималната 33 степени.

Променливо облачно ќе биде и во петок. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Температурата ќе се движи од 13 до 32 степена.

Според УХМР, во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и нешто потопло, до 34 степени.