Од утре попладне ќе преовладува променливо облачно време со чести врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со појава на град. Се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог.
Од Управата за хидро-метеоролошки работи предупредуваат дека водостоите се во стагнација и опаѓање, но со оглед на снежната покривка на одредени планини, секој поинтензивен дожд кој се очекува во наредните денови пропратен со повисоки температури на воздухот, може да доведе до забрзано топење на снегот, полнење на речните корита и со тоа можност за локално излевање.