Денес времето ќе биде променливо облачно и посвежо со локален краткотраен дожд. Во источните делови ќе има и појава на ретки грмежи.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Утре и во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во позначителен пораст.