Од утре стартува Караванот „Купи куќа, купи стан“

Од утре стартува Караванот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на кој низ 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

Како што информираат од Министерството за финансии, утре Караванот ќе одржи три презентации. Сите три презентации се со почеток од 17 часот и тоа, во Гевгелија во Театарот, во Валандово, во Дом на култура и во  Дојран во зградата на Општината.

Караванот секоја недела ќе посетува по повеќе општини меѓу кои: Велес, Св.Николе, Пробиштип, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.

За информации за проектите на граѓаните им стојат и подрачните канцеларии „Купи куќа, купи стан“ кои се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи, додека во Неготино, Демир Хисар, Делчево и Крушево се наоѓаат во подрачните единици на Управата за јавни приходи.