Од утре Тетово во карантин

Излегување од дома само во краен случај, во маркет или аптека само еден член на семејството. Владата ги заостри мерките по зголемениот број на заболени од ковид – 19 во овие три општини. Но од утре се забранува и организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез на подрачјето на Тетово.

Градоначалничката Теута Арифи за Канал 5 вели дека не очекува потешкотии при спроведување на оваа мерка.

Но жителите исто така при секое излегување од своите домови ќе мораат да носат заштитна маска, шал или марама. Арифи бара од Владата уште еднаш да ја разгледа оваа мерка, бидејќи како што вели нема потреба од тоа на отворен простор.

Како што известија од владата, задолжение доби и МВР во соработка со општинските кризни штабови .

Да подготват посебен оперативен план за присуство и дејствување на припадниците на полицијата во подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, преку користење на засилени патроли и засилено присуство на полицијата, користење на мегафонска опрема од полициските возила на јавните места и површини, со цел контрола над почитувањето на одлуките, мерките и препораките.