![ruska-vakcina-korona-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/ruska-vakcina-korona-1.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Масовната ревакцинација во Србија ќе почне од утре на повеќе од 200 пунктови, вели директорот на Канцеларијата за ИТ и е Управа Михајло Јовановиќ, пренесува Н1.
Јовановиќ за Тањуг изјавил дека напоредно со ревакцинацијата ќе продолжи и постапката на масовна вакцинација против коронавирусот.
Во Белград ревакцинацијата ќе се врши во Халата 11 на белградскиот Саем, додека вакцинацијата ќе се обавува на ниво на пунктот Белехпо центарот во Нов Белград.
– Утре ќе бидат ревакцинирани околу 5.500 граѓани. Таа бројка од ден во ден ќе расте. Да потсетам имавме во еден ден речиси 60.000 вакцинирања, така што не чекаат и 60.000 ревакцинации во еден ден – изјавил Јовановиќ.
Втората доза на вакцината утре ќе ја примат 5.500 граѓани, а наредниот ден15.000, потоа 30.000, за да се дојде до 60.000 во еден ден.