Од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тромесечје, сега со зголемен лимит од 2.100 денари, најави заменик претседателката на СДСМ и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
-За првпат ќе исплатиме 2.100 денари кај сите кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден ќе бидат исплатени првите налози. Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото трiмесечје се околу 10 милиони евра и тие се предвидени во буџетот на РСМ. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физичкиte лица, порача Лукаревска во интервју за емисијата „Утрински печат“.
Осврнувајќи се на партиската активност „Рамо до рамо“ Лукаревска истакна дека низ средбите со граѓаните, се слуша нивниот глас се ценат нивните коментари и забелешки, со цел да се подобри партиското работење.
-Со граѓаните разговараме отворено за сите нивни проблеми и потреби, ги слушаме нивните забелешки, добронамерни критики, што имаме реализирано, ветено, а досега немаме реализирано, затоа и сме со граѓаните и мислам дека досега има добар одѕив, порача Лукаревска, најавувајќи дека наскоро СДСМ ќе има и посебна, друга активност, каде ќе се презентираат досегашните реализирани проекти, како и почеток на подготовка на новата програма.