Од вчерашните 23, денеска активен само еден пожар

Во Општина Студеничани активен е пожарот кај Марков Манастир помеѓу селата Маркова Сушица и Цветово. Тука гори ниска вегетација и дабова шума, а утрово од терен е добиено известување дека сѐ уште не може да се каже дека пожарот е изгаснат.

Изгаснатите 22 пожари биле во општините, Бутел, Сарај, Долнени, Прилеп, Кривогаштани, Битола, Валандово, Струга, Чашка, Чешиново-Облешево, Дебар, Липково, Куманово, Теарце и Брвеница.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека во Секторот за операции и координација добиено било известување за пожар на отворено кај депонијата Буково во Охрид каде веќе интервенирале пожарникарите од ТППЕ Охрид заедно со ЈП „Комуналец – Охрид“.