Од вечерва нови откупни цени – 10 денари за „смедеревка“, 12 денари за „вранец“

Откупната цена за „смедервка“ да изнесува 10 денари, а за „вранец“ 12 денари. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надоместена од страна на винариите.

Ова е договорено денеска, по два и пол часа преговори на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со претставници на винариските визби.

Како што соопшти Министерството за земјоделството, корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва, а Хоџа го реафирмирал ставот дека ќе продолжи дополнителната мерка од два денара за лозарите.

-Откупот ќе продолжи да тече непречено. Очекуваме за една недела да имаме поголем откуп со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини, наведува МЗШВ.

Министерот во договор со винариите вети дека ќе се откупи целата количина произведено грозје и нема да остане ниту еден килограм неоткупен.

Винариите пред неколку дена ги објавија откупните цени на грозје, според кои 11 денари беа предвидени за „смедеревка“ и 12 денари за „вранец“.