![korona virus slovenija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/korona-virus-slovenija.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Од денес во Словенија ќе биде воведен полициски час во траење од 21 до 6 часот наутро. Локалните медиуми велат дека ова е првпат во Словенија да се воведува полициски час од италијанската окупација во Втората светска војна.
Забраната за собирање повеќе од шест лица, наместо претходните десет, стапува на сила, пренесуваат словенечките медиуми.
Забраната за движење меѓу регионите сè уште важи, со одредени исклучоци.
Во Словенија, во понеделникот беше објавено дека во претходните 24 часа биле потврдени 794 нови случаи на коронавирус, што е 20,4 проценти од испитаните, па затоа владата одлучи за нови мерки.
Словенечките здравствени власти проценуваат дека 1% од населението е заразен со коронавирусот.