НЛБ Банка воведува нов кредитен продукт „НЛБ кредит на лице место“, прв и единствен на пазарот по своите карактеристики на уникатно и целосно дигитално клиентско искуство, достапен веќе од овој викенд во експозитурата на НЛБ Банка во Ист Гејт Мол.
Станува збор за ненаменски инстант кредит до 300.000 денари и рок на отплата до 60 месеци, а промотивно, сите оние кои до крајот на годината ќе ја посетат експозитурата на НЛБ Банка во Ист Гејт Мол, истиот ќе можат да го добијат без трошоци за апликација.
Аплицирањето за „НЛБ кредитот на лице место“ е брзо и едноставно без користење на хартија, преку целосно автоматизиран процес кој, за прв пат на пазарот, вклучува и дигитален потпис на кредитната документација.
Со „НЛБ кредит на лице место“, клиентите веднаш имаат пристап до финансиската поддршка која им е потребна, а воедно даваат придонес и во заложбите на Банката за бесхартиено работење и зачувување на животната средина.
Следејќи ја својата стратегија за управување со животна средина и одржлив развој, НЛБ Банка постојано работи на унапредување на своите процеси во насока на разумно искористување на природните ресурси и минимизирање на влијанието кое економските чинители го имаат врз животната средина. Во тој контекст НЛБ Банка е целосно посветена на деловно работење без хартија, а на среден рок, Банката има за цел комплетно да го замени хартиеното работење со дигитално. Токму затоа НЛБ Банка паралелно работи и на дигитализација на своите производи и услуги кои овозможуваат да се унапреди корисничкото искуство и притоа значително да се намали искористувањето на дрвата како природен ресурс.
Претстојниот викенд, по повод годишнината на Ист Гејт Мол, НЛБ Банка се приклучува кон роденденската прослава и за сите посетители на експозитурата на Банката подготви низа забавни содржини – награден предизвик на тема „Како да ја зачуваме животната средина“ со многу награди за најдобрите.