Радувајте му се на утрешното сонце, бидејќи од вторник следи заладување со дожд и снег.
Според метеоролозите, времето во Македонија утре ќе биде сончево и потопло со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 16 до 23 степени.
Во Скопје и околината не очекува сончево време со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Од вторник попладне се очекува промена на временската состојба. Ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и нагло опаѓање на температурата.
До средината на наредната недела ќе преовладува претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекува врнежите да бидат од снег.