Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека од понеделник (5 септември) ќе почне да функционира новата пробна линија „2Б” на релација с.Сарај до населба Ченто и обратно. Почетна/крајна станица на „2Б” во с.Сарај ќе биде на почетно/крајната станица на „2″
Трасата на „2Б” ќе биде идентична со трасата на „2″ од Сарај до постојката Алкалоид во Автокоманда, потоа ќе продолжи по булевар „Александар Македонски”, па улица „М.А.Ченто” до населба Ченто (почетно-крајна станица на линиите 23 и 45)
По посочената траса ќе сообраќа и во обратна насока (Ченто – Сарај). Линијата „2Б” ќе функционира од понеделник до петок. Возен ред: Од Сарај: 7.07 ч, 9.18 ч, 11.28 ч, 13.31 ч, 15.49 ч и 17.55 ч., а од Ченто: 6 ч, 8.10 ч, 10.20 ч, 12.30 ч, 14.40 ч и 16.50 ч.
Со воведувањето на линијата „2Б” ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто со цел подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот, информираат од ЈСП Скопје.