Пред спомен-плочата на Мајка Тереза на плоштадот во Скопје, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ – Скопје, денеска ќе ја одбележат 40-годишнината од нејзиното прогласувањето за почесен граѓанин на Град Скопје.
Ќе биде откриен натписот на спомен плочата, а од Институтот ќе информираат за финализирањето на процесот на институционализација на Одделот за наследството на Гонџа Бојаџиу.
Оваа активност е и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Хуманитарното здружение „Мајка Тереза“ – Струга и Агенцијата за примена на јазикот.