Одбележување на денот на Командата за операции

Припадниците на Командата за операции (КО), денеска со воена свеченост во кумановската касарна „Боро Менков“, ќе го одбележат денот на единицата.

Како дел од воената свеченост, пред присутните ќе се обратат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, бригаден генерал, Бесник Емини.

На свеченоста се очекува да присуствуваат и заменик на министерот за одбрана Башким Хасани, заменикот на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, претставници од кабинетот на Претседателот на државата, генерали во Армијата, поранешни команданти на оваа единица, командантот на СИБРИГ, претставници на Министерството за одбрана, од локалната самоуправа и институции со кои соработува оваа команда.

За ден на Командата за операции е определен 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на Македонско-кресненското востание што е воедно и ден кога е кренато востанието.