Одбележување на Меѓународниот ден на Бошњаците и на Јом Кипур

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 28 септември (понеделник), Меѓународниот ден на Бошњаците, е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во земјава.

Исто така, согласно со Законот за празниците, 28 септември 2020 година (понеделник) е неработен ден и за граѓаните припадници на еврејската заедница во Македонија, Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.