Одбележување на Голема Богородица во манастирот во Матка

Во рамки на одбележувањето на православниот  празник Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје, вечер ќе се одржи богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење. Утре, на денот на празникот, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света божествена литургија.

Трета година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.