Одбележување на Успение на Пресвета Богородица на Матка

Празникот Успение на Пресвета Богородица и годинава традиционално ќе биде одбележан во истоимениот манастир во Матка.

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан утре ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија по повод празникот Успение на Пресвета Богородица во истоимениот манастир во Матка кај Скопје.

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г Стефан утре ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија.
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан утре ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија.

Вечерна богослужба

Вечерва по повод одбележувањето на големиот православен празникот кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.

Вечерва во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.
Вечерва во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.

Инаку ова е веќе четврта година по ред ден пред празникот во манастирот да се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.

Утре света Божествена Литургија, а потоа културно –забавна програма

Утре, Светата Божествена Литургија ќе започне во 9 часот, а потоа одбележувањето на празникот ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.