Одбележување на Денот на НАТО

Настанот има за цел промоција на историјата, вредностите и целите на Алијансата, како и истакнување на значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.

На одбележувањето на Денот на НАТО најавено е обраќање на министерот за одбрана  Зоран Јолевски, на претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија Исмет Рамадани, на  амбасадорите на САД, Хрватска и Шпанија, Џес Бејли, Данијела Баришиќ и Рамон Абароа Каранза, како и на раководителот на НАТО Канцеларијата во Скопје, Горазд Бартол.

Денот на НАТО е настан кој традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден во 1949 година, 12 земји во Вашингтон (САД) го потпишале Договорот со кој се конституирала Северноатлантската алијанса.