Одбиен напад со дрон врз Москва

Најмалку четири украински беспилотни летала биле соборени додека се движеле кон Москва во раните утрински часови во неделата, објави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Министерството за одбрана соопшти дека околу 35 беспилотни летала биле пресретнати во текот на ноќта, додека силите на Киев продолжуваат да таргетираат руска инфраструктура и погранични градови.

„Провоздушната одбрана на руското Министерство за одбрана во областа Домодедово одби напад со беспилотно летало врз Москва“, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм околу 4:40 часот наутро во неделата, истакнувајќи дека две непријателски цели биле соборени во областа. Пресретнавме уште две беспилотни летала во областите Раменски и Ступино, додаде Собјанин еден час подоцна.

Не е нанесена штета и никој не е повреден, рече официјалниот претставник, додавајќи дека службите за итни случаи реагираат на инцидентите. Московскиот аеродром Домодедово, кој се наоѓа јужно од главниот град, исто така не пријавил никакви неправилности во своето работење.

Во исто време, неколку украински беспилотни летала се обиделе да нападнат нафтена рафинерија во градот Славјанск во рускиот регион Краснодар, предизвикувајќи пожар кој брзо бил локализиран, според локалните власти. Иако немаше директни жртви во нападот, едно лице почина од срцев удар за време на инцидентот, соопшти службата за итни случаи.

Властите во регионите Калуга, Ориол, Ростов, Јарослав, Курск и Белгород, исто така, известија за соборување на беспилотни летала во текот на ноќта, без жртви или големи штети на теренот. Севкупно, руската противвоздушна одбрана пресретнала околу 35 беспилотни летала до 7 часот наутро, според Министерството за одбрана.

Минатата недела во руско-украинскиот конфликт беше обележана со голема ескалација на граничните области меѓу двете земји, бидејќи силите на Киев организираа повеќекратни обиди да ги пробијат регионите Курск и Белгород. Нападите се случија пред руските претседателски избори во 2024 година, кои започнаа во петокот.

Почнувајќи од вторникот, украинските сили организираа обиди да ја пробијат руската граница, напаѓајќи повеќе локации долж нејзината граница со руските региони Курск и Белгород, заедно со нагло зголемување на напади со беспилотни летала кои очигледно ги таргетираа рафинерии и складиштата за гориво.