Одбиен предлогот на опозицијата Витларов да биде кандидат за уставен судија

Предолзите пензионираниот судија Бранко Секуловски од Гостивар и штипјанецот Тодор Витларов не добија мнозинство во собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата да продолжат како кандидати за уставни судии. Опозицијата ги предложи и бранеше, владеачкото мнозинство во комисијата молчеше и гласаше против.

Дајте да го смениме законот и судиите да ги гласаме со двотретинско мнозинство. Дајте да направиме систем. Систем кој ќе ја кочи власта на илинденска. Да изградиме систем по заслуги, завшри со долгото излагање Пренџов. Дебатата продолжи за следниот предлог, пензионираниот судија Бранко Секуловски од Гостивар. И овој кандидат добива поддршка од опозицијата, но не и поддршка од мнозинстовто.

Пратениците од владечакото мнозинство во салата регира на намерно одолговлекување на расправата. Пратениците досега дадоа поддршка за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, кои како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии.