![krivicen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/krivicen.jpg?resize=531%2C298&ssl=1)
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе решение со кое ги одби жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка.
„Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка за определување мерка притвор против за С.В. и мерка куќен притвор за Љ.Д., опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на РМ, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 по одржана седница, донесе решение со кое ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка, соопшти попладнево Кривичниот суд.
Василевски е во притвор во Шутка, а Димовски во куќен притвор, откако Собранието им го одзеде имунитетот.