![odbojkari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/odbojkari.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Денеска во Неапол се одржа ждрепката за Европското првенство во одбојка на кое еден од домаќините е и Македонија.
Македонија заедно со Италија, Бугарија и Израел е домаќин на Европското првенство во одбојка кое ќе се одржи следната година од 18 август до 16 септември.
Денеска беше извршена ждрепката, а ние се паднавме во групата Ц заедно со Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска.
За нашата репрезентација ова ќе биде трето учество по ред на Европското првенство.