Одбојкарите го победија Израел во првиот контролен меч во Кавадарци

Машката одбојкарската репрезентација на Македонија која се подготвува за настап на Европското првенство, вечерва со 3-2 во сетови ја совлада селекцијата на Израел.

Израел почна многу подобро и ги доби првите два сета со 25-17 и 25-22, тогаш се разбудија нашите момци и направија комплетен пресврт.

Следните три сета ѝ припаднаа на Македонија со 25-22, 25-19 и 15-10 за победа од 3-2 во сетови.

Утре од 20 часот во салата „Јасмин“, Македонија игра против Јапонија