![srbija odbojkarki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/srbija-odbojkarki.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Женската одбојкарска репрезентација на Србија ќе игра во полуфиналето на Олимписките игри во Токио. Србинките во четвртфиналето ја совладаа Италија со 3:0, по сетови 25:21, 25:14 и 25:21.
Ова е десетто полуфинале на српската репрезентација на големите натпреварувања (ОИ, ЕП и Мундијали).
Противник на Србија во борбата за влез во финалето ќе биде селекцијата на САД.
Во другото полуфинале ќе се соочат Јужна Кореја и подобриот од пресметката меѓу Бразил и Русија закажана за денеска во 14:30 часот.