
Одбојкарската репрезентација на Македонија со максимални шест победи го освои првото место во Групата Б од Европската лига, откако во неделата вечерта во Тирана ја совлада Албанија со 3-2 во сетови.
Ова беше прв натпревар во годинешниот циклуст на кој противникот успеа да освои два сета против Македонија. Резултат по сетови: 25:21, 17:25; 25:21; 23:25 и 15:10.
На првиот натпревар од денешната прогарама Шведска ја победи селекцијата на Азербејџан со 3-0 и со тоа го освои второто место во групата и обезбеди пласман на завршниот турнир следниот викенд во Данска.
Табела: Македонија 17 бодови, Шведска 9, Албанија 9, Азербејџан 1