![odbojkari-golema](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/odbojkari-golema.jpg?resize=640%2C428&ssl=1)
Машката одбојкарска репрезентација во која недостигаат неколку искусни репрезентативци, како круна на еднонеделните подготовки во Пробиштип одигра два контролни натпревари со бугарскиот претставник во ЦЕВ купот, тимот на Габрово и славеа со максимални 3:0 во сетови. Во нашата селекција на денешниот натпревар се истакнаа Вук Карановиќ со 16 поени, односно капитенот Никола Ѓоргиев со 15 поени, додека забележителен учинок имаа и Ристо Николов и Александар Милков, кои запишаа по 13 поени.
“Радува фактот што константно го држиме темпото и не дозволуваме падови во играта што може да се види и по резултатот. На најдобар можен начин го искористивме кусото време и мислам дека сме подготвени, добро е што влеговме и во натпреварувачка форма” , вели селекторот Жарко Ристоски.
Одбојкарите од 3- 5 јануари во Ниш е ќе играат во квалификациите со селекциите на Србија, Словенија И Португалија.