Судскиот процес на мега скандалот „Шпион“ продолжува. Одбраната денеска ќе ги даде завршните зборови со што се очекува да го оспорат обвинителниот акт и да ја докажат невиноста на нивните клиенти тврдејќи дека се жртви на поранешниот разузнавач Маријан Ефремов.
Прогласување на обвинетите за виновни и осудување на затворска казна, побара обвинителството.
Имено, Ване Цветанов, поранешен директор за спречување на пари и корупција, се товари за злосторничко здружување и издавање на државна тајна.
Судскиот процес Шпион на обвинителната клупа седна седуммина обвинети дека прибирале доверливи државни тајни и и му ги доставувале на Ефремов, кој пак ги продавал на грчките и унгарските разузнавачки служби. Новинарот Божиновски сеуште во екстрадиционен притвор во Нови Сад.