Апелацискиот суд направи проценка на сите околности по опасност од бегство и Кривичниот совет требаше да го спроведе решението за нашиот клиент да излезе. Во овој момент имаме гаранција која е спроведена и не можеме да ја избришеме, а имаме неправосилно решение на Основниот суд, но нашиот клиент е во затвор и се брои решението на Основен суд – нешто што го нема ниту во африканска земја, изјави на денешната прес-конференција бранителот на поранешнито директор на УБК, Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ.
Решението на Апелациониот суд, посочи Давидовиќ, е правосилно, за разлка на тоа од Основниот суд и со ваквкото однесување, според него, се создава опасна судска пракса каде „по порачка се добиваат решенија“.
– Зошто сметаме дека е по порачка решението. Затоа што министерот за правда направи голем притисок, каде што сервилното Обвинителство постапи и клиентелистичкиот Суд донесе решение. Овој пат реагиравме, затоа што решението беше под притисок на извршната власт и затоа што Апелацискиот суд направи проценка на сите околности по опасност од бегство. Ништо за тие четири часа не можеше да се смени, а Кривичниот совет го имаше решението, но под притисок на извршната власт, координирани со Обвинителството дадоа барање на кое Судот експресно одговори и донесе решение со кое, буквално плука по Апелацискиот суд, изјави Давидовиќ.
За тоа кои се следните чекори за Мијалков да излезе од притвор, Давидовиќ рече дека, не може да има судир на судски надлежности меѓу повисок и понизок суд и создавање на опасна пракса.