
Денеска беа дадени завршните зборови во случајот „Монструм“, а пресудата ќе биде донесена на 18 – ти јуни.
Адвокатите побараа обвинетите да се ослободат од обвинението бидејќи, велат, вистинските виновници не седат на обвинителните клупи во скопскиот Кривичен суд. Според одбраната, не постојат материјални докази за тоа кој и со што пукал во петте лица. За изјавата на заштитениот сведок рекоа дека е конфузна и контрадикторна.Обвинетите повторно се изгласија дека се невини.
Додека еден од обвинетите се колнеше во Господ дека не е виновен, другиот додаде: „Ако јас сум виновен да ме обесат на плоштад“.
Адвокатот Насер Рауфи рече дека петкратното убиство кај Смиљковското езеро е грозоморен чин и додаде дека обвинетите не се виновни.
Обвинителката во завршните зборови даде објаснение на мотивите и побара најстрога казна, а одбраната како одговор рече дека „тешко се открива и докажува мотивот ако не се фатат вистинските сторители како што е во овој случај“.