Одеса повторно беше цел на руски напади

Пристанишниот град Одеса на југот на Украина ноќеска повторно цел на руски напади, пренесе ДПА.

Според извештаите на локалните медиуми, во градот се слушнале експлозии, а активна била и воздушната одбрана.

Русија веќе го погоди регионот Одеса на Црното Море со воздушни напади во понеделникот вечерта. Министерството за одбрана во Москва подоцна ги потврди нападите.

Многу милиони тони храна беа испорачани преку пристаништето Одеса во последните месеци како дел од меѓународниот договор за жито. Во понеделникот Русија се повлече од договорот.