Телињата на канадскиот млекар Бен Ловит следната пролет ќе бидат меѓу првите во светот коишто ќе се одгледуваат со специфична еколошка цел – да испуштаат помалку метан при варењето на храната.
Во јуни, Ловит почна вештачки да оплодува 107 крави и јуници со сперма од бик кој беше првиот на пазарот со генетска карактеристика на ниски емисии на метан.
„Селективно размножување за помали емисии (на метан), се додека не жртвуваме други особини, изгледа како лесна задача“, вели канадскиот фармер.
Комерцијалната достапност на генетиката за производство на млечни крави кои испуштаат помалку метан може да помогне да се намали еден од најголемите извори на стакленички гасови, велат научниците и експертите од сточарската индустрија.
Прреживањето и подригнувањето на говедата е главен извор на глобалните емисии на метан, според некои научници. Генетичката компанија „Semex“, којашто му ја продаде спермата од бикот на Ловит, вели дека ниските нивоа на метан би можеле да ги намалат емисиите на стакленички гасови од канадските млечни стада за 1,5 отсто годишно и за 20 до 30 отсто до 2050 година.
Оваа пролет, компанијата почна да пласира семе со својствво на низок метан во 80 земји. Семето е продадено на сточарски фарми во Велика Британија, млекарници во САД и Словачка, меѓу другото, рече потпретседателот на „Semex“, Дру Слоун.
Ако одгледувањето говеда со ниска содржина на метан почне да се развива на глобално ниво, тоа би можело да има „моќно влијание“ ширум светот, рече професорот по животински науки во UCLA, Дејвид Фран Митлонер.
Но, некои лидери во млечната индустрија не се убедени дека одгледувањето говеда со ниски нивоа на метан е опција, бидејќи мислат дека тоа може да доведе до дигестивни проблеми.
Канадскиот оддел за земјоделство соопшти дека сè уште не го проценил системот за проценка на метанот што во основа се произведува, но дека намалувањето на емисиите во сточарската индустрија е „исклучително важно“.
Добитокот е извор на 14,5 отсто од глобалните емисии на стакленички гасови. Метанот е вториот по големина стакленички гас по јаглерод диоксидот, тврдат некои од научниците кои се занимаваат со глобалното загревање.
Иако фармерите можат да даваат адитиви на добитокот за да го намалат производството на метан, нивните ефекти исчезнуваат штом добитокот ќе престане да ги јаде и тие не се одобрени за употреба во САД, вели Митлонер.
Семето со ниска содржина на метан е производ на партнерството меѓу „Semex“ и канадската агенција за млеко Lactanet, а се заснова на истражување на канадски научници.
Во април, Lactanet ја објави првата светска национална геномска проценка на метанот и произведе резултати за крави и јуници Холштајн на 6.000 фарми, што претставува речиси 60 отсто од канадските млечни фарми.
Канадската влада во моментов не нуди стимулации за одгледување говеда со ниска содржина на метан, но некои земји и прехранбени компании почнаа да ги охрабруваат сточарите да се префрлат на говеда што произведува помал метан.
Во 2025 година, Нов Зеланд ќе почне да ги оданочува сточарите за производство на метан од говеда.
Комоаниите „Nestle“ и „Burger King“, чија матична компанија е „Restaurant Brands International“, го решава проблемот со метанот во своите синџири на снабдување со менување на начинот на исхрана на добитокот.
Митлонер рече дека очекува компаниите на крајот да го препознаат и сточарството со низок метан.
„Генетската промена е постојана и кумулативна низ идните генерации, така што може да доведе до значителни намалувања. Ова секако не е единствената алатка што може да ја користат производителите на млечни производи за да го намалат метанот, но можеби е наједноставниот и најевтин пристап“, рече потпретседателот на Семекс. истражување и иновации Мајкл Лохуис.
Други експерти за млеко сметаат дека таквиот пристап може да биде проблематичен.
Вишиот потпретседател на финската млекарница „Valio“, Јуха Нусаинен, предупредува дека одгледувањето говеда што подригнува помалку метан може да создаде дигестивни проблеми. Метанот се произведува од микробите во цревата на кравата додека тие ги варат влакната, а не од самото животно, вели тој.