Одговорноста е бавна, но полека стигнува и многу луѓе се загрижени

Сега кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се на власт со поддршка со над 600 илјади, тоа е огроман и сериозна бројка и ветер во грб за да направиме многу повеќе проекти, многу реформи, но и да има одговорност, она што многу пати го кажувавме. И сега таа одговорност можеби е бавна, но полека полека стига или навидум се проѕира дека ќе стигне и многу луќе се загрижени, и тоа мислам дека претставува дополнителна хистерија, изјави вечерва во своето гостување во емисијата „За или против“ министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Они сега ќе ја искриват целата слика. Сегашната опозиција, во минатото власт, научени се постојано да живеат во розов свет, кае што требаше сите во државата да пуштаат вести, да прават нешто што реално не е видливо, но веруваа во себе и затоа сето тоа се одразни на изборите. Сега кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се на власт со поддршка со над 600 илјади, тоа е огроман и сериозна бројка и ветер во грб за да направиме многу повеќе проекти, многу реформи, но и да има одговорност, она што многу пати го кажувавме. И сега таа одговорност можеби е бавна, но полека полека стига или навидум се проѕира дека ќе стигне и многу луќе се загрижени, и тоа мислам дека претставува дополнителна хистерија каде што би рекол претставници на опозициона мисла, моментално сакаат да го урнат и да го искриват она што се случува. Не им одговара, вели Мисајловски.

претходната власт правеле многу договори анекси не за да се подобри работата во тие ресори туку, за личен интерес, и поради тие ситуации постојат одредени сомненија за злоупотреба, вели Мисајловски.

Место да зборуваме за нови работи, за нови реформи и за многу работа, бидејќи пустош оставија, ова многу пати сум го кажал. Има институции каде што не предвиделе средства. Немало средства за плати, каде што биле започнати проекти и оставени туку така. направени анекси, незавршени. Правеле многу договори, колку за да направат за друга работа, не за да се подобри работата во тие ресори, туку имале интерес. И поради сите ситуации, можеби постојат одредени сомненија дека направиле и злоупотреба, они ќе пробаат, зборам одредена структура во опозицијата, да ја свртат сликата и да ја прикажат дека има некоја црна слика што не постои, но црната слика е кон нив и таа одговорност што постојано ја зборевме мора да се одрази кон нив, истакна Мисајловски.