Откако Лука Дончиќ пред една вечер запиша неверојатни 60 поени, продолжува балканската доминација во НБА лигата и со одличните игри на Србинот Никола Јокиќ и Гркот Јанис Адедукомбо, и покрај тоа што синоќа нивните екипи загубија.
Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар, постигнувајќи против Сакраменто 40 поени, а сето тоа дополнето со седум скока и шест асистенции. Но, сето тоа не беше доволно за Денвер кој загуби во финишот со 127-126.
Одлични беа Фокс и Сабонис со по 31 поен. Јокиќ имаше и шут за победа, но не успеа да погоди.
И Јанис Адедукомбо имаше одлична вечер со 45 поени, 22 скока и седум асистенции, но неговиот Милвоки загуби на гостувањето против Чикаго. Булс до победата дојде по продолжение со 119-113, а предводени од ДеМар ДеРозан со 42 поени, 10 скока и пет асистенции.