Одликување на Македонската филхармонија со „Орден за заслуги за Македонија“

По повод 70-годишнината од формирањето на Македонската филхармонија претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ја одликува со „Орден за заслуги за Македонија“.

Македонската филхармонија се одликува со „Орден за заслуги за Македонија“, за исклучителни резултати во седумдецениското работење како еден од стожерите на македонските културни вредности, особено преку презентирање и промовирање на македонското и светско творештво во областа на класичната симфониска музика, а со тоа и афирмација на културното живеење и културното наследство на Република Македонија во светот.