Одложена седницата на Комисијата за политички систем за извештајот на СЈО

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да продолжи расправата по Извештајот на СЈО денеска е одложена.

Како што истакна претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев, седницата е одложена поради неприсуство на подносителот на Извештајот специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради што, рече, не се исполнети деловничките основи за нејзино продолжение.

Ѓорчев закажа ново продолжение на седницата за утре.

Специјалната јавна обвинителка Јанева вчера ја напушти седницата на Комисијата и најави дека ќе дојде само на пленарната седница на која ќе биде разгледуван Извештајот за работата на СЈО. Таа посочи дека повеќе не се враќа на седницата бидејќи пратениците и вршеле мобинг.

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела, а беше прекината по заминувањето на Јанева.