Новинарот Драган Павловиќ Латас кој е осомничен за даночно затајување во предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тотал“, како што информираше неговата одбрана, поради лични и семејни причини, не се појави на денешното рочиште.
Одбраната на Латас за неговата неможност да присуствува, пред Судот достави доказ од клиника. Судијката Славица Наумова Јосифовска поради немање услови главната расправа ја одложи за 30-ти март.
Денеска беше одложено и рочиштето за случајот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица. Судењето е презакажано бидејќи економскиот вештак кој го понуди одбраната да сведочи, бил спречен да присуствува.
Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.