Судењето е одложено бидејќи требаше да бидат донесени ново обвинети кои беа дел од друг предмет.
Обвинителството реши да ги спои во еден предмет, а се работи за група жители на населбата, кои се обвинети за помагање на обвинетите за тероризам.
Бидејќи се спојуваат два предмета, судскиот процес и покрај тоа што е стигнат до половина мора да почне од почеток.
Тоа значи дека ново обвинетите, но и претходно обвинетите ќе се изјаснуваат за вина и сите сведоци сослушани досега ќе треба да бидат повторно повикани.
Судот сега се соочува со проблем бидејќи во случајов во судницата ќе треба за влезат минимум уште 20 луѓе обвинети и адвокатите, а тоа просторот не го дозволува.
Затоа од судот било побарано да се користи салата на Врховниот суд од каде стигнал одговор Кривичниот суд сам да се снајде за сала.