Одложено рочиштето за ТНТ – Груевски сакал да присуствува на собраниската седница

Судењето за Т.Н.Т. на Специјалното јавно обвинителство се одложи за 25 октомври бидејќи Судот го уважи барањето на обвинетиот Никола Груевски да присуствува на седницата во Собранието на Република Македонија на која на дневен ред е предлогот за пристапување кон уставни измени.

Груевски од Судот побара да му биде дозволено како пратеник да присуствува на седница во Собранието. Рече дека досега не се повикал на пратеничката функција, но смета дека денешната седница закажана во 11 часот е важна и треба да присуствува.