![zaev pred sud](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/zaev-pred-sud.jpg?resize=640%2C406&ssl=1)
Скопскиот кривичен суд, односно Основниот суд Скопје 1 Скопје, во понеделникот за 29-ти јануари го одлиожи судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, а како причина за одложувањето беше тоа што предметот за овој случај е во Апелациониот суд кој денеска на барање на одбраната треба да одржи јавна седница за овој случај.
Судиите во скопска Апелација ќе расправаат дали за овој случај снимките кои се обезбедени со „Посебни истраѓни мерки“ (ПИМ), а кои беа објавени на каналот YouTube може да бидат доказ во оваа постапка.
Премиерот Заев се појави на рочиштето во Кривичниот суд и во изјава пред новинарите рече оти очекува дека Апелациионот суд ќе ја прифати жалбата.
„Очекуваме нашите жалби да бидат прифатени, бидејќи е тоа суштествен дел на постапката. Ќе ја почекаме одлуката на судот и ќе ја почитуваме. Сакам снимката да се обелодени за да може да ја видат сите комплетно без деловите каде е пресечена, бидејќи не само што сум убеден во својата невиност, туку важен ми е и образот оти извршувам висока политичка функција“, рече Заев.
Во врска со тоа како снимката протече во јавност и дали постои одговорност, Заев одговори дека единствен кој ја поседува и за неа одговара е јавниот обвинител.
„До денеска немам никаква информација дали е покрената одговорност за објавување на снимката. Истрагата од самиот почеток ја води Владимир Милошевски и Јавното обвинитрлство треба да даде одговор на тоа“, рече Заев.
Jавната седница на која Апелациoниот суд требаше да ја разгледува жалбата на одбраната на Заев беше закажана за денеска. Последната седница на Апелација беше одложена на неопределно време, бидејќи судијата Африм Фидани, кој беше судија-известител за предметот, е избран за судија во Врховниот суд.
Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет за барање и за земање на поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на земјиште.