Судењето за случајот „Таргет – Тврдина“ на СЈО се одложи за 15 мај бидејќи се чека одлука дали поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција ќе бидат екстрадирани.
Судијката Џенета Бектовиќ најави дека ако двајцата не бидат екстрадиран,и на следното рочиште ќе донесе решение за раздвојување на постапката за нив двајцата.
Во Судот денеска дојдоа поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Според обвинителниот акт за овој случај, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.