
Конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ се одложува за подоцна оваа година, објави денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и мерките кои се преземаат во нашата земја, ССНМ ги известува сите новинари дека конкурсот се одложува на неодредено, односно до завршување на пандемијата и прекин на рестриктивните мерки со цел нејзино сузбивање.
– Бидејќи првичниот рок за аплицирање беше 1 април, а на нашата електронска пошта веќе стигнаа повеќе пријави, ги известуваме сите кои веќе се пријавија дека нивната апликација е важечка и ќе биде земена предвид при повторното отварање на конкурсот. Кога ќе имаме повеќе информации веднаш ќе бидат објавени и споделени, стои во соопштението на ССНМ.